Во Собранието на Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за образование, наука и спорт и за труд и социјална политика.
Комисијата за образование, наука и спорт ќе го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за спортот, по скратена постапка во второI читање поднесен одпратениците Диме Велковски, Ејуп Алими и Мирослав Јовановиќ.
На седницата на Комисијата за труд и социјална политика на дневен ред ќе биде Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Македонија, по скратена постапка во второ читање.