Седници на три собраниски комисии

Во Собранието за денеска закажани се седници на Комисијата за европски прашања, Комисијата за образование, наука и спорт и Законодавно-правната комисија.

Комисијата за европски прашања ќе одржи две седници. На дневен ред на првата седница се Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за трговија и Предлог на закон за медијација, двата во второ читање. По завршувањето на оваа седница членовите на Комисијата ќе одржат нова седница, на која треба да ги разгледаат Предлог законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, Предлог законот за парничната постапка, Предлог законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, сите во прво читање.

И членовите на Комисијата за образование, наука и спорт денеска ќе одржат две седници. На првата седница ќе биде разгледан Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за иновациската дејност во прво читање. На дневен ред втората седница на оваа Комисија се Педлог законот за изменување и дополнување на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Бирото за развој на образованието, двата во прво читање.

На дневен ред на Законодавно-правната комисија, меѓу другите точки се и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за трговија, Предлог законот за медијација и Предлог законот за лековите, сите во второ читање.