Седум авганистански цивили загинале во хаосот пред аеродромот во главниот град Кабул, објави во неделата британското министерство за одбрна, додеак десетици илјади луѓе очајнички се обидуваат да побегнат од земјата во која власта ја преземаа талибаните.
„Условите на теренот се извонредно тешки, но правиме сѐ што можеме за да управуваме што посигурно со ситуацијата“, соопштија од Лондон,
Смртта на цивилите укажува на очајот на многу Авганистанци, соработници со меѓународните сили во изминатите 20 години и кај борците за човекови права кои стравуваат за своите животи, додека со своите семејства пред и на аеродромот чекаат да бидат евакуирани.
Соопштението на британското министерство за одбрана следеше откако Обединетите нации предупредија дека талибаните се во потрага по соработниците на паднатата авганистанска влада, и покрај ветувањата дека нема да се одмаздуваат.
Војници од САД, Турција, Велика Британија и Германија на аеродромот во Кабул изведуваат симултани операции на извлекување на луѓето веќе една седмица,.
Американските сили во саботата објавија дека од Кабул изминатите шест дена превезле 17.000, а германската восјка уште 2.300 луѓе.
Надежите за бегство од Авганистан се сѐ помали со приближувањето на крајниот рок за повлекувањето на американските војници 31-ви август. Другите земји поради тоа брзаат да ги евакуираат своите државјани под заштитата на американските сили.