Седум авганистански полицајци загинати во талибански напад

Најмалку седум припадници на безбедносните сили се убиени во напад на борците на радикалното исламистичко движење Талибан врз контрален пункт во Авганистан, пренесува телевизијата Tolo News, повикувајќи се на локалните власти.

Според телевизијата, нападот се случил во неделата во јужната провинција Кандахар. Во извештајот се додава дека станува збор за ткн „внатрешен напад“ а напаѓачот успеал да избега.

Талибаните во меѓувреме во соопштение за медиумите ја преземале одговорноста за овој напад.