Колку пати сте одглумиле оргазам? Ако сте жена, тогаш тоа сигурно ви се случило барем неколку пати, ако не и повеќе. Инако на мажите им е, но и тие тоа често го прават.
Глумењето оргазам е само една од лошите навики што многумина ги практикуваат за време на сексот, а од кои би требало да се решите, затоа што на тој начин само си штетите себе си, односно си го ускратувате сексуалното задоволство.
Меѓутоа, некои од нас се заморуваат и со многу полоши работи. Ова се некои од навиките што треба веднаш да престанете да ги правите и вашиот сексуален живот со сигурност ќе биде подобар и поопуштен.
- Глумите оргазми
На жените им е многу полесно да одглумат оргазам, но и на мажите тоа може да им тргне од рака. Ако тоа го правите, престанете и признајте и на другата страна дека неможете да постигнете оргазам затоа што тоа само може да ви помогне да бидете среќни во постелата.
- Произведувате звуци како да ви е супер, но не ви е
Ако испуштате звуци како тоа да ви е најдобриот секс што дотогаш сте го имале, на другата страна ќе и оставите погрешен впечаток, па нема да има причина зошто да се потруди следниот пат.
- Се освежувате пред секој секс
Се плашите од непријатните мириси од устата, од вашето тело, па секогаш пред секс трчате во тоалет за да се освежите. Престанете се тоа и препуштете им се на страстите.
- Избегнувате секс затоа што не сте издепилирани
Верувајте, голем број мажи сакаат природни жени.
- Не сакате да му кажете дека неможете да имате секс, затоа што имате менструација
Ако неможете да имате секс поради менструација, едноставно, кажете му го тоа на партнерот. Вадењето од типот: „Неможам денес, не се чувствувам добро“, може да доведе само до долги и непотребни разговори поради што така и ќе се чувствувате.
- Се грижите дали изгледате дебело за време на секс
Ако цело време размислувате дали изгледате подебело во таа поза, сигурно нема да можете да се опуштите и да доживеете оргазам.
- Се обидувате да изгледате секси кога доживувате оргазам
Тоа не треба ниту да се обидувате да го направите, затоа што сигурно изгледате секси.