![инфективна](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/infektivna.jpg?resize=696%2C470&ssl=1)
Седум лица починаа, а регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19 во последните 24 часа, соопшти министерот за здравство Венко Филипче преку својот профил на Фејсбук.
Направени се 1.019 тестирања и по градови, состојбата со новозаболените е следна:
– Скопје 89
– Куманово 4
– Штип 2
– Прилеп 2
– Тетово 11
– Струга 3
– Велес 1
– Охрид 8
– Гостивар 1
– Струмица 2
– Кичево 1
– Ресен 1
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (79) кој бил на Клиниката од 19 мај, пациентка од Струга (66) хоспитализирана на 8 јуни, пациентка од Скопје (54) примена на 5 јуни и уште една пациентка од Тетово (46) која починала при прием во амбулантата.
Во ГОБ „8 Септември“ почина пациентка од Скопје (77) примена на 8 јуни и пациентка од Струга (73) примена на 7 јуни. Во болницата во Штип почина пациент на возраст од 87 години, хоспитализиран на 26 мај.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти.
– Скопје 1
– Прилеп 1
– Велес 4
Досега во земјата се направени вкупно 39.033 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 19 теста се во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.364, бројката на оздравени пациенти е 1.664, на починати е 164, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.536.