Седум пожарникари се полесно повредени додека го гаснеле големиот пожар кој го зафатил подрачјето на забавниот Европа-Парк на западот од Германија, објави во полицијата во неделата кога паркот повторно беше пуштен во употреба.
Пожарот избувнал во саботата вечерта во еден склад и се проширил кон атракцијата „Пиратска пештера“, којашто е потполно уништена.
Околу 250 пожарникари до неделата дежурале на местото од пожарот чијашто причина засега е непозната. Седуммина од нива се полесно повредени при гаснењето, објави градската полиција на Офенбург.
Околу 25.000 лица се евакуиран во саботата од овој забавен парк, а ниеден посетител не настрадал. Паркот повторно е отворен веќе во неделата, но повеќе од атрактивните инсталации во „Германскиот“ и „Скандинавскиот“ дел од паркот останаа затворени поради претрпените оштетувања.
Востановен во 1975 година Европа-Парк, кој минатата 2017 година забележал 5,7 милиони посетители, е вториот најпопуларен забавен парк во Европа, по парискиот Дизниленд.