Седум прашања што треба да си ги поставите пред да дадете отказ

Секако, парите нема да бидат проблем ако сегашното работно место го напуштате затоа што сте добиле подобра понуда. Но, ако давате отказ од други причини, тогаш за финансиите, за жал, мора добро да размислите.

Животот не е евтин, а сметките што треба да се платат стасуваат секој месец. Така, ако размислувате да ја напуштите сигурноста (и сигурните приходи) за сметка на животот во несигурност и преживување, тогаш бидете сигурни дека имате финансиска заднина и имате план за да преживеете со истите ограничени приходи.

  1. Што ми се допаѓа во моменталното работно место?

Кога размислувате за отказ, тогаш многу често се случува да ги гледате само негативните работи. Но, сигурно постојат и некои убави работи поради кои сте уживале на работното место. Затоа, пред да дадете отказ, размислете за сите оние аспекти на вашето работно место што ги сакате.

Со други зборови, тоа ќе ви помогне да сфатите што е она што го цените на вашето работно место или воопшто во кариерата. И во некои случаи ова може да биде сосема доволно за да сфатите дека не си ја мразите работата – туку само треба повторно да ја најдете поранешната страст.

  1. Што не ми се допаѓа?

Веќе рековме дека не треба да размислувате само негативно, но ако планирате да си заминете тогаш е важно да ги земете во предвид и оние работи што не ви се допаѓаат на вашето работно место.

Која е целта? Па, мошне едноставно, на тој начин јасно ќе си илустрирате што треба да избегнувате на идните работни места. Тоа ќе ви биде мошне важна информација кога ќе ги промислувате следните чекори.

  1. Кои се вашите долгорочни цели во поглед на кариерата?

Размислете за тоа кога последен пат сте сложувале сложувалка. Дали ви беше тешко и дали потрошивте многу време за да ја завршите ако немавте поим како требаше да изгледа финалниот производ?

Така е и со кариерата. Иако вашата крајна цел можеби ви се чини дека е на вистински пат, сепак е важно да размислите за неа. Не само што така ќе останете фокусирани на вас и на вашата игра, но тоа исто така ќе ви помогне да бидете сигурни дека секој избор што сте го направиле само ве одвел поблиску до конечната цел.