Седум причини зошто мастурбацијата е подобра од сексот

Како што самите понекогаш знаеме да си ги погодиме точките, тоа не може да го направи никој друг. Од овие причини мастурбацијата често е подобра од сексот.

1. Секс играчки, без бламирање и вина

Во текот на мастурбацијата можете да користите какви и да сакате секс играчки, без можност некој да ве осудува за тоа.

2. Најлесно до задоволство

Кој од вас подобро знае што ви годи? Затоа мастурбацијата е најкраток пат до задоволство.

3. Целосна контрола над уживањето

И не само да знаете што вам најмногу ви годи, туку и колку ви годи. Понекогаш задоволството во текот на сексот не трае доволно долго, ова алтернатива на сексот може и тоа да го надомести.

4. Без грижа

Сексот со себе  носи и размислувања за тоа дали партнерот има кондом и дали сте испиле пилула за контрацепција. Мастурбирањето ве ослободува од тоа.

5. Мислите само на себе

Во текот на сексот морате да мислите да го задоволите и партнерот, во текот на мастурбирањето таа потреба ја нема, на прво и единствено место се вашите потреби.

6. Без жалење

Понекогаш и само понекогаш по сексот се јавува каењето поради направеното. Мастурбацијата тоа не го носи со себе.

7. Депилирани или не,  не е важно

На крајот, иако не е помалку важно, не мислете на изгледот на вашата интимна регија. Иако во некои работи го надминува сексот, мастурбацијата не смее да биде негова трајна замена.