Тела на седум жртви се пронајдени во потргата за исчезнати лица, откако минатата недела при големо свлечиште беа уништени куќи во норвешкото село Гјердрум.
Четири тела биле откриени во петокот и саботата, а три во неделата. Неколку луѓе и натаму се водат како исчезнати, а спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по преживеани, но шансите за тоа се се помали, јавува Би-Би-Си.
Идентификувани се пет жртви, меѓу кои 40 годишен маж и неговата две годишна ќерка.
Во свлечиштето повредени се 10 луѓе, уништени се над 30 домови, а повеќе од 1.000 лица се евакуирани.
https://www.youtube.com/watch?v=7lh8z0GnPGk