Седум загинати во експлозија во Турција

Најмалку седум лица загинале а уште четири други се повредени при експлозија на домашна плинска боца во ресторан во западниот турски град Назили, изјави во петокот за медиумите гувернерот на покраината Ајдин, Хусеин Аксој.

Според телевизијата TRT, во експлозијата којашто се случила при замена на боците околу 15,40 во кујната на ресторанот во кој во тоа време имало повеќе од 20 луѓе. Повредените се пренесени во локалните болници, а според медиумските извештаи тие се во критична состојба.

Областа на инцидентот е блокирана од полицијата, каде што веднаш биле упатени амбулантни возила, пожарникари и спасувачи. Турскиот министер за правда, Бекир Воздаг, по инцидентот во регионот на Назлили започнало судска истрага, а приведено е едно осомничено лице.

Според локалниот весник Takvim, кој се повикува на информации од кабинетот на гувернерот Аксој, потврдено е дека прелиминарната истрага покажала дека станува збор за експлозија на плинска боца.