![panama](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/07/panama.jpg?resize=696%2C443&ssl=1)
Панамските власти саопштија дека во езерото оддалечено 80 километри од главниот град се пронајдени тела на седум млади лица, а според истрагата, станува збор за убиство.
„Телата на четири девојки и тројца момчиња на возраст меѓу 17 и 22 години се пронајдени во саботата“, рече обвинителот Адолфо Пинеда и додаде дека некои кои успеале да го избегнат нападот и помагаат на полицијата во нивната истрага.
Според Ројтерс, телата на жртвите покажале видливи повреди предизвикани од огнено оружје, но точните причини за смртта не се утврдени. Не се познати мотивите за нападот.
Локалните медиуми објавија дека семејствата на жртвите го пријавиле исчезнувањето на нивните најблиски во петокот.Првичните информации се дека младите оделе на пливање на езерото Гатун, вештачко езеро што е дел од Панамскиот канал.