![корона](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/03/5e71d6f60f254410384af538.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Седуммина починале, а 542 се заразиле со коронавирусот во Македонија во последното деноноќие, јавува Министерството за здравство. Високи остануваат бројките во земјава, а според МЗ, во периодот од шести август до 30 декември, (вчера), во просек 67 отсто од новозаразените биле од невакцинираните. Денеска исто така оздравеле 298 пациенти, ас е тестирале 5.990 луѓе.
Три од починатите лице се во Скопје (57г, 64 г и 81 г), две починати лица од Битола (46г и 80 г) и по едно починато лице од Охрид (76г) и Прилеп (73г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Во моментов од корона се лекуваат 5.243 луѓе, а 225.049 се заразиле од почетокот на пандемијата во 2020 година.
Најмногу новозаболени, 280 има во Скопје, а потоа е Битола со 52, Охрид – 32, Кавадарци – 31, Прилеп – 28, Струмица – 20, Куманово – 13, Гевгелија – 11, Кичево – 9, Штип и Ресен – по 8, Валандово – 7, Велес – 6, Струга и Неготино – по 5, Тетово и Радовиш – по 4, Кочани – 3, Крива Паланка, Делчево, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија – по 2, Гостивар, Свети Николе, Пробиштип, Кратово, Богданци и Македонска Каменица – по 1.
Смртноста е драстично поголема кај невакцинираните
Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата.
Во период од 6.08 до 30.12.2021 на територија на државата починале 2.447 лица со ковид 19, 1.913 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 22% примиле вакцина, велат од МЗ.
Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на „Модерна“ и на „Џонсон&Џонсон“.
Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.