Седуммина заболени на гинекологија во Прилеп

Седум здравствени работници од Гинеколошкото одделение во прилепската болница се позитвини на Ковид-19. Четири се болничарки, три медициснки сестри а 9 вработени кои биле во контакт со нив се во изолација. Инфекцијата се проширила откако болничарка заболела надвор од болницата. Имала лесни симптоми, па мислела дека е обична настинка и доаѓала на работното место.

„Немала сознанија дека била во контакт со некој заболен од Ковид-19 и не криела а оној момент кога кренала температура била испратена на тестирање. Кога е утврдено дека е позитивна, веднаш е остранета од работното место“, изјави Драги Богојески, директор на општа болница – Прилеп.

Гинеколошкото одделение продолжува со работа, но со намален капацитет поради преполовениот персонал. Ќе се примаат само итни случаи а породувањата ќе се одвиваат вообичнено. Епидемилозите утврдиле дека ниту еден пациент не бил доведен во ризик, велат од болоницата.

„Персоналот кој е присутен работи со пациентите обезбеден со сите заштитни средства од маски, ракавици и визири при контактот и работа со пациентите. Можноста и ризикот да се зарази некој од пациентите кои доаѓаат и лежат во Гинеколошко одделение е сведен на минимум“, изјави Богојески.

Од  вработените на Гинеколошкото одделение заразени со Ковид-19, само првозаболената болничарка е хоспитализирана, останатите се на домашно лекување. Центарот за јавно здравје ќе изврши дезинфекцја на сите простории во гинеколокто одделние во прилепската болница. Дсоега во Прилеп заразени се вкупно 18 здравсвени работници.