Шефот на албанската дипломатија поднесе оставка

Албанскиот премиер Еди Рама соопшти во саботата дека министерот за внатрешни работи Фатмир Џафај поднесе оставка.

Рама на социјалните мрежи  напиша дека ја прифатил оставката на Џафај, но не наведе други поединости.

На местото на Џафај именуван е поранешниот воен претставник Сандера Леши. Неговиот избор треба да биде одобрен од претседателот на Албанија и од парламентот.

Рама истакна дека Леши „ќе донесе нова позитивна енергија“.