![133361379](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/09/133361379-10.jpg?resize=675%2C310&ssl=1)
Во интервју за турската телевизија НТВ, Боздаг вели и дека против 70.000 се покренати постапки под сомнение за поврзаност со исламскиот проповедник кој живее во САД, Фетулах Ѓулен, а којшто турската влада го обвинува дека стои зад обидот за преврат во Турција на 15 јули, пренесе БТА.
– Турција гради нов суд во градот Синџан, близу главниот град Анкара, а во план се и други правосудни установи, каде што ќе им биде судено на сите следбеници на Ѓулен, вмешани во обидот за преврат, додаде Боздаг.
Турција го смета движењето на Ѓулен за терористичка организација.