
Земјотресот кој во неделата околу пладен беше почуствуван во земјата, бил со локална Рихтерова магнитуда 2,7 а беше почувствуван од населението во Кичево и околината со интензитет III – IV степени според Европската макросеизмичка скала (ЕМС), прецизира Сеизмолошката опсерваторија во Скопје.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа во Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска на 31.1.2021 година во 11 часот и 24 минути, регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓа на 70 колометри југозападно од Скопје и потекнуваа од кичевското епицентралното подрачје“, се наведува во соопштението за јавноста.