Министерката за одбрана од потестното раководство на СДСМ, Радмила Шекеринска, на претходната набавка на морски плодови, деновиве придодаде уште една вредна 5 милиони денари за набавка на нова тура морски плодови и риба.
На Електронскиот систем за јавни набавки, имено е објавен Оглас за доделување договор за јавна набавка за Министерството за одбрана во вредност од токму, без ДДВ, од 4.860.952,00 ’денари. Од описот може да се забележи дека покрај замрзнатие скуши и ослиќи кои најверојатно ќе завршат во касарните, ресорот на Шекеринска ќе набавува и скапите риби како свеж крап од „екстра класа“, котлети од лосос, шкарпина, пангаа, па лигни, школки дагњи и ракчиња шкампи.
Шекеринска и на почетокот од септември изврпо набавка пред само десетина дена изврши набавка на на морски плодови, според кој договорен орган е Министерството за одбрана, исто така, за 4.860.952,00 денари без ДДВ, односно околу 80.000 евра, откако десетина дена претходно за потребите на нејзината трпеза во министерството објави набавка на лешници, бадеми и ф‘стаци за 5.000 евра.
Додека војниците бараат нова опрема, бидејќи во моментов немаат ниту основна, Министерството за одбрана под водствона Шекеринска се претвора во ресор за набвка на морски плодови, како да е ресторан за морска храна или „министерство за суши“.