Секој што го негира фактот дека Делчев е Mакедонец, се обидува да го фалсификува коренот на Mакедонецот

Тимчо Муцунски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за пратеник во Првата изборна единица и меѓународен секретар на партијата, на вечерашната дебата на Канал 5 телевизија, а во врска со преговорите со Бугарија, истакна дека секој што се обидува да го негира фактот дека Гоце Делчев е Mакедонец, се обидува да го фалсификува коренот на Mакедонецот.

-Секој којшто се обидува да ни докаже нешто спротивно од тоа дека Гоце Делчев не е Mакедонец, се обидува да го фалсификува тоа што е коренот на македонецот, вели Муцунски.

Муцунски вели дека тоа треба да се нашите црвени линии, но истовремено ние треба на нашите соседи да им укажеме дека сакаме да имаме добри односи, но тие добри односи да бидат за напредок и просперитет.

Муцунски истакна исто така дека политиката со соседите треба да биде базирана на проекти за поврзување, а не на попустливи еднострани барања.
Ниеден трговски договор нема склучено оваа влада, но затоа три години зборуваме за историски факти, потенцираше Муцунски.