![деца](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/11/deca.jpg?resize=640%2C287&ssl=1)
Секое трето дете во Македонија има прекумерна тежина, аларманти податоци на УНИЦЕФ. Од организацијата велат – дебелината кај 11 годишните момчиња е над европскиот просек. Нутриционистите советуваат помалку брза храна, повеќе зеленчук и овошје. Министерството за образование најавува позасилени контроли на храната која ја конзумираат учениците.
Секое трето дете во Македонија има прекумерна тежина, а дури 14 проценти од 11- годишните момчиња се дебели, а европскиот просек е четири проценти, покажуваат податоците на УНИЦЕФ. Причините за ваквата состојба се многубројни. Од недоволна физичка активност, до јадење на брза храна дома и на училиште. Прстот не може да се впери само во образовниот систем, потребно е и институциите и родителите да работат заедно за да се подобри здравјето на најмладите, велат од УНИЦЕФ.
Министерството за образование ќе го преиспитува квалитетот на храната која ја јадат учениците. Тоа е проблем кој се провлекува со години, затоа што често пати некои градоначалници не ги почитувале одредбите од правилникот на МОН, за тоа што треба да содржи храната на децата во училиштатата, вели ресорната министерка Дескоска, која најави казни и построги контроли.
Нутриционистите советуваат храната да биде свежа и помалку обработена, а овошјето и зеленчукот да бидат секојдневна ужинка на децата.
Денес, наставници од сите основни училишта се приклучија кон Глобалниот час на здравата исхрана. Нутриоционисти ги запознаа учениците од четврто до деветто одделение со придобивките од здравата исхрана и како таа придонесува кон глобалните цели за одржлив развој.