Потребни сме ~ на Македонија, да бидеме заедно!“ Ова е мотото под кое последниве денови владејачката ВМРО-ДПМНЕ прави мобилизација на нови членови. Kампањата особено го мотивира електронското зачленување во партијата. Ова е втора партиска мобилизација на партијата на Никола Груевски во последните две години, пишува Дневник.
Во 2012 година акцијата резултира со неколку нови десетици илјади граѓани кои добија членска книшка од ВМРО-ДПМНЕ. Но, таа не е единствената партија што смета дека поголем број членови значи и подобра партија.
Мобилизација на членството пред две години имаше и СДСМ, и тоа најмногу во времето на т.н. работно лето, а социјалдемократите одвреме-навреме го рекламираат електронското зачленување преку веб-страницата на партијата како најлесен начин граѓаните да бидат заведени во партиската евиденција.
Мобилизација на членството често прават и албанските партии. ДУИ се пребројуваше и воведуваше електронски регистар на членови пред неполна година, а ДПА, пак, изминативе месеци е активна на терен, особено откако струшкиот градоначалник Зијадин Села се одметна од Мендух Тачи и се заканува за одземање дел од партиското членство. Зошто партиите постојано влегуваат во трка по членови?
Целиот текст прочитајте го тука.