Секретаријатот за европски прашања објави оглас со кој вработува 13 државни службеници на различни позиции. Во огласот се бараат 10 раководители, помлад соработник и двајца советници.
Оагласените позиции се за помошник-раководител на сектор за информатичка и комуникациска технологија и архивско работење за плата во нето-износ од 31.414 денари, за раководители на одделението за јазична ревизија и терминологија, на одделението за буџетска контрола, на одделението за програмирање на европски фондови и на одделението за внатрешен пазар и конкуренција и на други одделенија за нето-плата од 28.286 денари.
Рокот за пријавување е 15 дена од денот на објавувањето на огласот. Во огласот е ставена напомена дека предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 година се еден 9 Македонци, тројца Албанци и еден Ром.
Премиерот Зоран Заев одговорајќи на новинарско прашање за објавените огласи за вработувања во јавната администрација рече дека во администрацијата се пополнуваат работни места од 2017 година.
Станува збор за пополнување на испразнетите работни места на крајот на минатата и почетокот на оваа годна. Тоа се работни места испразнети во втората половина од 2017 година, а сега се пополнуваат и тоа само дел од нив. Со вработувањата нема нови зафаќања од буџетот и не е предвиденио ништо освен најавените зголемувања од пет проценти, а некаде и 10 во некои институции, посочи Заев.