Иако фантазиите се добри за сексуалното здравје, тие може да бидат опасни за врската, потврдува студијата на британската компанија за секс играчки „Ен Самерс“ спроведена на 3.000 луѓе. Речиси 57 отсто од луѓето во текот на сексот со партнерот фантазираат за некој друг. Тоа најчесто го прават по караница, пишува британскиот „Дејли мејл“.
Жените по тоа прашање се послободни па дури 45 отсто од нив редовно сонуваат за друг љубовник за време на жежок секс со партнерот. Сексуални фантазии најчесто имаат луѓе на возраст од 35 до 44 години, а централно место имаат љубовници од реалниот живот, а не славни ѕвезди.
Најпопуларна фантазија е секс со поранешниот, за што сонуваат 40 отсто до луѓето. Популарно е и играњето на различни улоги, врзување, гледање порно филмови и секс во тројка. Припадничките на понежниот пол признаваат дека и сами гледаат порно филмови, потврдило истражување.
Своите фантазии двојките најчесто ги остваруваат во спалната соба, четвртина од нив тоа го прават под туш, а 15 отсто од нив имале секс на работното место. Дел од нив отишле е чекор подалеку, дури девет отсто од двојките имале секс на јавно место.
„Фантазиите се своевидна прилика за бегство од реалноста која помага да се постигне оргазам. Жените во нив го остваруваат она од што се плашат или им е срам да го прашаат партнерот. За мажите фантазиите се истотака вообичаени, многу често се смета дека нивните фантазии се ’валкани’. Тие сонуваат за секс со поранешната девојка. Таа фантазија им помага да ја подигнат самодовербата бидејќи знаат дека во тоа веќе добро се снашле“, истакнува психотерапевтката доктор Пам Спур.
Сексот со време може да стане рутина, а фантазијата го крева либидото. Поради тоа сексуалните фантазии за некој друг може да бидат и добри, напоменува докторката.