Секс во бременост

Односот кон сексот се менува во текот на бременоста, бидејќи жената во тој период се соочува со бројни физички и психолошки промени.

Повеќето парови во текот на бременоста имаат желба за секс, но исто така и страв од повреда, повреда на бебето или спонтан абортус. Многу брачни двојки имаат подобар секс за време на бременоста отколку порано, додека други се воздржуваат. Ако бременоста е нормална, тогаш сексот за време на бременоста не е опасен.

Еве како се менува сексуалната желба за време на бременоста.

Прво тромесечје
Во првото тромесечје желбата за секс не е голема, бидејќи бремените жени имаат симптоми како што се замор, повраќање, гадење, чести потреба да уринираат, замор, главоболка, чувствителност на дојките и сл. Особено е важно да се задржи блискоста помеѓу партнерите. Партнерот треба да покаже разбирање и љубов, а не да се чувствува осамено.


Второ тромесечје
Во текот на второто тромесечје, бремените мајки веќе не се плашат , гадењето се намалува, градите не се премногу чувствителни, поради подобра циркулација и зголемување на протокот на крвта во гениталиите – постои поголема желба за секс. Матката расте и се обликува стомакот на жените, но тоа не значи дека сексуалните односи ќе предизвикаат мајката да се чувствува непријатно. Идните татковци се најмногу загрижени дека тоа ќе му наштети на бебето или на мајката.

Трето тромесечје
Во последното тромесечје од бременоста стомакот е во пораст, и сексот е тешко да се изведе. Кон крајот на бременоста се бара претпазливост , бидејќи грлото на матката се истенчува и почнува да се отвора. Тогаш треба да се консултирате со гинеколог.

Орален и анален секс во текот на бременоста
Оралниот секс за време на бременоста е безбеден, под услов жената да има постојан партнер. Но ако партнерот има херпес, постои ризик од инфекција. Во случај на анален секс, ризикот од инфекција е голем, а и не се препорачува.