Сексот ги симнува вишокот килограми, одличен анти-депресант е, го подобрува помнењето, ве прави поубави и посреќни. Па, потребно ли ви е нешто повеќе од тоа?
Ја разубавува вшата кожа
Сексот е вистински еликсир на младоста. Научно е докажано дека во женскиот организам при сексуалниот чин се лачи двојно повеќе естроген – хормон кој е заслужен за сјајна и еластична кожа и убав тен.
Лечи од депресија
Љубовната игра е фантастичен лек против депресијата. При оргазмот телото лачи ендофрин – хормон на среќата. Овој хормон доведува до чувство на задоволство. Тогаш целиот организам, од крвните садови и мускулите до нервите и хормонскиот систем функционираат во совршен баланс.
Го подобрува помнењето
Водењето љубов и редовната сексуална активност го зголемуваат лачењето на естрогенот, без кој мозочната активност и способност за помнење се намалуваат. Сексуалната активност е од големо значење за психичката стабилност на луѓето.
Ја одржува телесната форма
Сексот е најевтиниот спорт на светот кој на мошне брз начин ќе ви овозможи да ги симнете вишокот на килограми и наталожените маснотии. Во просек, при една сексуална активност согорувате 560 калории што е еднакво на час и половина активно трчање или возење велосипед. Сексолозите препорачуваат секс најмалку три пати во седмицата.
Го регулира циклусот
Бројните истражување велат дека редовното водење љубов го регулира менструалниот циклус. Во текот на оргазмот се опуштаат мускулните ѕидови на матката со што се зголемува циркулацијата на крв во карличниот дел. На тој начин се намалуваат или сосема исчезнуваат менструалните болки и тегоби, а истовремено се регулира целиот циклус.