Според истражувањата, сексот е најдобар во зрелите години. Па така, 37 отсто од жените и 34 проценти од мажите признале дека 40-тите години се најдобри за секс.
Истражувачите истакнуваат, иако помладите имаат почесто секс, всушност постарите повеќе уживаат во него.
А, еве и зошто.
Луѓето постари од 40 се посамоуверени, точно знаат што сакаат, не им е срам од звуците и движењата за време на сексот и целулитот и брчките не ги загружуваат премногу.
Сексот во брак е најдобар.
Секако дека на почетокот на секоја врска сексуалната енергија е на високо ниво. Но, со текот на времето партнерите ги поврзува голема љубов. Тие се познаваат подобро и знаат што му одговара на другиот. Веќе не се кријат фантазиите и полесно може да се опуштат.
Постарите жени полесно постигнуваат оргазам.
Со текот на годините се повеќе уживаме во сексот, а тоа е голема предност кога се работи за женскиот оргазам- жените постари од 40 имаат помалку проблеми со достигнувањето на оргазам. Истражувањето покажало дека 40 отсто од испитаничките кои се во дваесетите години имаат проблеми со постигнувањето на оргазам, додека тоа го изјавиле 20 проценти од жените во четириесетите.