Петел пред суд – многу кукурикал (ВИДЕО)

Почна невообичаено судење во градот Рошфор во југоисточниот дел на Франција, а му се суди на петелот Морис, кој кукурика премногу гласно и многу рано,  а со тоа ги вознемирува соседите, кои поднеле тужба против сопственикот.

Пред судот се појави сопственичката на Морис, Корин Фесо,  која на новинарите пред судницата им рече, ако Морис знае да зборува, ќе кажеше: „Оставете ме на мира и дозволете ми да пеам”.

Морис лично не се појави на суд, но доби поддршка од други петли, бидејќи многу сопственици на добиток дојдоа пред судот со своите петлите за поддршка. Најгласната поддршка за Морис ја дадоа петлите Атила, Казанова и Жан-Рене, информираат нивните сопственици.

По кратката расправа, судот објави дека одлуката ќе биде донесена на 5 септември и дека е можно да „помирување” со соседите и Морис.

Соседите, неколку пензионери, одлучија да поднесат тужба, затоа што неколку пати ја предупредиле Корин Фесо некако да го замолкне петелот.