Села и Гаши реагираат: Фирма што доби тендер за школо во Мала Речица ја извади машинеријата пред избори

Алијансата на Албанците на Зијадин Села и Алтернатива на Африм Гаши реагираат дека ДУИ ги злоупотребува инструментите на власта, промовирајќи проекти за време на избори.

„Ова се случи денес, каде машинеријата на компанијата која го доби тендерот за изградба на основното училиште во Мала Речица, оставајќи впечаток дека се започнати работите за изградба на основното училиште. Иако ова училиште веќе 20 години се ветува од ДУИ, изградбата никогаш не започнаа, ниту завршија изградбите. Најголем и најнепростлив срам е кога само две недели пред изборите ДУИ ги принудува договорните фирми кои го добија тендерот да дефилираат на местото на изградбата, наводно дека започнале со работа“, стои во реакцијата.

Двете партии истакнуваат дека секое вакво дејствување во предизборната кампања каде јавните ресурси се злоупотребени за изборни цели претставува кривично дело според член 353 од Кривичниот законик.