-Ја известувам јавноста дека Александар Кузмановски како селектор на сениори во Карате федерација на РС Македонија и стручниот тим на националната селекција во дисциплината борби, не направиле никаква неправилност или непрофесионалност во врска со настапот на сениорската карате репрезентација на Македонија на неодамна одржаното светско првенство во Будимпешта како што изјави Карате клубот „Макпетрол“ и тренерот на КК „Макпетрол“, Бошко Заборски, објави во својот демант Кузмановски, на страната на оваа Федерација.
-Ве известувам дека субјективните наводи кои се изнесени од страна на Карате клубот „Макпетрол“ и тренерот на КК „Макпетрол“, Бошко Заборски, дека се работи за таканаречен стручен тим, дека не се вклучени најдобрите тренери и клубови, дека се поставија и назначија тренери кои немаат постигнато никакви позначајни спортски резултати се еднострани и целосно невистинити.
Ова од причина што Александар Кузмановски на позицијата селектор на Македонската карате репрезентација ги има постигнато најголемите резултати во историјата на македонскиот карате спорт и во делот на младинци најголемиот и единствен спортски резултат на ниво на Македонија во сите спортови на младинска олимпијада (Сениорски медал сребрен со Емил Павлов на Светско првенство во Дубаи ОАЕ 2021 и Младински медал бронза со Фахик Весели на Олимпијадата во Буенос Аирес Аргентина 2018 година) со што неспорно како селектор на македонската карате репрезентација е рангиран како најдобар селектор по резултати во рамките на КФРСM. За сите останати постигнувања на Александар со стручниот тим е запозната целата јавност и не би ги набројувале сите.
Резултатите од спортските натпревари зависат од целокупната организација, квалитет, тимски дух, целосна посветеност, ангажираност и соработка на матичните клубови, јасно поставени приоритети за заеднички успеси, техничко тактички варијанти и сл, поради што изнесување на невистини за некаква наводна нестручност и дека само тоа е резултат за непостигнати очекувани резултати со цел да се наруши угледот на одделни личности не допринесува позитивно за ниедна страна, а особено за КФРСМ.
Го повикувам Карате клубот „Макпетрол“ и тренерот на КК „Макпетрол“ Бошко Заборски да престанат со било какви невистинити и нецелосни изјави наменети за пренесување преку медиуми со кои негативно се поврзува Александар Кузмановски како селектор на сениори во Карате федерација на РС Македонија и стручниот тим на националната селекција во дисциплината борби и се создава погрешна слика во јавноста.
Се поставува прашањето. Кога ќе освои медал натпреварувачот кој е заслужен тренерот на клубот или селекторот? Кога ќе изгуби натпреварувачот кој е одговорен тренерот на клубот или селекторот?
Продолжуваме да работиме концентрирани и фокусирани на битните цели без престан и тимски уште понапорно и поупорно за следните престојни државни, балкански и европски првенства во 2024та година со цел да ја продолжиме традицијата на постигнување на резулатати на македонското карате, напиша Кузмановски.