Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, направија увид во изградбата на модерен спортско рекреативен центар во село Драчево, на местото на кое до пред два ипол месеци имаше огромна депонија.
Овој спортско рекреативен центар ќе го носи името на еден од загинатите бранители во конфликтот во 2001 година, Теодор Стојановски-Тоше.
„Овој парк ги нуди можностите за сите генерации, од најмладите до највозрасните. Имаме две игралишта за баскет, за фудбал на истото, имаме детски катчиња, имаме летниковци за повозрасните категории за наши сограѓани, имаме патеки. Ќе биде целиот опрелеменет со зеленило и со дрвја, така да се на се ќе биде еден многу убав, еден нов центар спортски-рекреативен во Драчево, нешто што недостасуваше и беше ветувано 30-тина години наназад. Конечно ние како гарнитура сега што ја предводиме општината дојде редот да го реализираме и верувам дека за 2 месеци од денес ќе се види и крајот на сето ова и ќе кулуминира со завршување на овој преубав проект“, истакна Ѓорѓиевски.