6.8 C
Skopje
петок, ноември 22, 2024

Семејството Гучи е бесно на Ал Пачино, Џаред Лето и на Лејди Гага

Патриција Гучи, наследничка на дизајнерското семејство, зборува за нејзините впечатоци од филмот „Куќата на Гучи“. Ѕвездената екипа, во која е и Ал Пачино, се чини дека не ја импресионирала Патриција.

“Дедо ми беше многу убав човек, како и сите Гучи, многу висок, елегантен и со сини очи. Го игра Ал Пачино кој не е многу висок, а на фотографијата што ја видовме изгледа дебел, низок, со зализоци и многу грд. Срамота е затоа што тој воопшто не личи на него “, вели таа, додавајќи дека Џаред Лето ужасно го отелотворил нејзиниот татко. „Сè уште сум навредена“, завршила таа.

Патризија Реџани, позната и како Црна вдовица, која излегла од затвор во 2016 година, исто така е незадоволна од филмот. Имено, таа добила затворска казна од 26 години за вмешаност во убиството на нејзиниот сопруг Маурицио Гучи, кој го продал семејниот бренд во 1993 година за нешто повеќе од 150 милиони евра. Реџани не била задоволна од неговата одлука, а на тоа претходело неверството на Маурицио и заминувањето од семејството со неговата помлада љубовница.

„Ме нервира фактот што ме глуми Лејди Гага, која беше толку непромислена и нечувствителна што дури не дојде ниту да ме пречека“, рече Реџани.

Патем, „Куќата на Гучи“ на Ридли Скот треба да пристигне во киносалите подоцна оваа година, пишува BuzzFeed.