
Во Полициската станица Карпош, вчера околу 19 часот, 30-годишната М.М. од Скопје пријавила дека истиот ден околу 11:30 часот во „Жена Парк“ во Скопје, поранешниот девер Ф.Р. од населба Злокуќани, со употреба на физичка сила ја внел во неговото патничко возило и ја однел во населба Злокуќани, во домот на Ш.С., нејзин поранешен сопруг со кого живеела во вонбрачна заедница.
Потоа Ф.Р. физички ја нападнал, а во еден момент М.М. успеала да избега и се упатила во Клиничкиот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.