Сен-Етјен во финалето на францускиот куп по 38 години

Фудбалерите на Сен-Етјен се пласираа во финалето на францискиот куп со драматичната победа од 2:1 на свој терен против бранителот на тутулата Рен.

Рен во полуфиналето поведе во 33 минута од пенал кој го реализираше М’Баје Нианг, а на 1:1 на две минути пред полувременот израмни Тимоте Кодоџежјак. Големот славје на трибините го донесе Риад Будебуз со погодокот во четвртата минута од судиското продолжение.

За Сен-Етјен тоа ќе биде првиот настап во финалето на Купот по дури 38 години. Досега „Зелените“ девепати играа во завршниот меч, а шест пати го освојувале пехарот, но последен пат во 1977 година, додека во својот последен настап во финалето во 1982 година беа поразени од ПСЖ.

А токму Пари Сен Жермен, кому тој Куп во 1982 година му беше првиот трофеј во клупската историја, ќе биде ривал на Сен-Етјен во финалето на „Стад де Франс“ на 25-ти април. Париските „Светци“ во средата во првото полуфинале го демолираа Лион со 5:1.