Во првиот меч од 15-то коло на француското фудбалско првенство Сен-Етјен пред своите навивачи со убедливи 3:0 (0:0) го победи Нант кој сите три гола ги прими во последните 17 минути од дуелот.
Стрелци за Сен-Етјен беа Словенецот Берич во 73, Тунижанецот Казри во 84 и8 Французинот Колодзиејжак во 90 минута.
Сен-Етјен привремено со 26 бодови се искачи на петтото место,а пред него се ПСЖ со 40, Лион со 27 и Монпелје и Лил со по 26 водови. Нант е на десеттото место со 17 бодови. Во зоната на испаѓање се Монако со 10 и Гинган со 7 бодови.
Пет натпревари се играат во сабота, а се среќаваат Лил – Лион, Анжер – Каен, Гинган – Ница, Монако – Монпелје и Нимс – Амиен. Во недела ќе се одиграат преостанатите дуели: Тулуз – Дижон, Марсеј – Ремс, Рен – Стразбур и Бордо – ПСЖ.