Американскиот Сенат во вторникот со големо мнозинство од гласовите го прифати одбранбениот буџет во износ од 738 милијарди долари, које е за 2,8 отсто поголем од минатогодишниот и кој го предвидува создавањето на новиот род војска во армијата на САД, односно Вселенските сили, а претседателот Доналд Трамп претходно вети дека веднаш ќе го потпише со што ќе стане закон.
Сенатот, во кој доминираат републиканците, гласаше со 84 гласови „за“ и 8 „против“ за одбранбениот закон познат по кратенката NDAA. Претставничкиот дом, во кој доминираат пак демократите, го прифати минатата седмица со 377 гласови „за“ и 48 „против“.
Минатата седмица претседателот Доналд Трамп на Twitter најави дека ќе го потпишен законот штом тој ќе биде изгласан во Конгресот, истакнувајќи дека тој ги вклучува сите негови приоритети.
Поради тоа што е еден од ретките закони кои Конгресот секоја година успева да го изгласа без поголеми проблеми, NDAA служи за спроведување на низа политики на Вашингтон. Со нив се одредуваат платите во војската, како и кои бродови или летала ќе бидат модернизирани или купени.
Годинава е изгласан раст на платите од 3,1 отсто за војниците, првиот платен одмор за сите сојузни службенициво војската и формирање на Вселенските сили (Space Force), првиот нов род на американската армија по повеќе од 60 години, а кој беше еден од главниот приоритети на Трамп.
Претставничкиот дом и Сенатот претходно годинава гласаа за своите верзии на законот NDAA. Потоа преговарачите од двете партии и двата дома на Конгресот, како и претставници на Белата куќа, со месеци работеа за да постигнат компромис.
На законот во вторникот му се спротиставија само неколкумина демократи од левото крило на партијата, како и дел од либертаријански настроените републиканци, незадоволни од тоа што во законот не влегоа одредбите кои би ги ограничиле овластувањата на Трамп во воените прашања, како што е, на пример, поддршката на воената камања на Саудиска Арабија во Јемен. Некои се спротиставија и на растот од 2,8 отсто за воените издвојувања, додека долгот на државата расте.
Законот NDAA за фискалната 2002 година, исто така, не го спречува претседателот Трамп да ги користи воените средства за градење на ѕидот на границата со Мексико.