Интервјуто е посветено на писмото од шесте сенатори кои го испратија до државниот секретат Рекс Тилерсон, во кое бараат истрага за американскиот амбасадор во Македонија Џез Бејли, како и средствата на УСАИД што се делеле на Сорос организациите во Македонија.
Оргиналното интервју е во продолжение:
Во писмото што го упативте до Стејт департментот, Вие сте многу загрижени дека парите на американските даночни обврзници се истураат во левичарски групи, групи кои во суштина ги немаат американските интереси, а тоа се наши пари. Дали ќе ги добиете одговорите кои ги барате, бидејќи тука го гледам името на Џорџ Сорос, а тоа крева многу црвени знамиња, е прашањето кое Фокс Њуз го постави до сенаторот ли, еден од потписниците на писмото до Стејт департментот во кое се бара преиспитување на финансирањето на невладините организации во Македонија и вмешувањето на американсата амбасада во внатрешните политики на земјата.
-Имаме ситуација во која Џорџ Сорос, кој ги поддржува организациите на мрежата на Фондацијата Отворено Општество, добиваат пари од УСАИД, и кога ќе видите дека таа мрежа е вклучена во финансирање крајно левите социјалистички агенди, дури и во некои наши сојузнички држави, изразуваме голема загриженост. Бараме одгвор на тие прашања, сакаме да знаеме зошто американските пари се киднапирани и пратени преку океанот да финансираат цели кои се во целост спротивни со тие на американците тука- одговара сенаторот Ли.
Од Фокс Њуз истакаа дека странски официјални претставници, политичари и лидери, всушност доаѓаат во САД и прашуваат што се случува и зошто американските пари се трошат на групи чии интереси не се во согласност со американската позиција. Прашањето до сенаторот ли беше во насока дали тоа наштетуваат на американската заложба за демократија во светот и однсоите со сојузниците. Директното прашање гласи „Какви поплаки добивате“?
– Добиваме токму такви поплаки. Луѓето се разбирливо загрижени кога имаме многу проблеми во светот, а имаме делови од светот кои ни се партнери. И кога имаме организации кои делумно се финансираат од американскиот данок, а кои таму создаваат диконтинуитет, создаваат сомнежи кај нашите партнери. Разбирливо е дека тоа не прави нервозни и зошто бараме одговори на прашањата зошто тоа се случува, колку долго се одвива, со колку пари се учествува, и како може да се излезе од таа ситуација- вели амертиканскиот сенатор Мајк Ли.