Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп денеска беше ослободен од обвинението по историското судење за импичмент.
Седум републиканци им се придружија на демократите и гласаа за осудата на Трамп, вклучувајќи го и поранешниот претседателски кандидат Мит Ромни.
Повеќето републиканци тврдат дека самото судење е неуставно затоа што Трамп повеќе не е претседател, велејќи дека тој факт ги надминува сите докази презентирани за време на судењето.
На сенаторите им беше потребно двотретинско мнозинство за да го отповикаат Трамп.
Трамп рече дека судењето за негово отповикување е уште една фаза од „најголемиот лов на вештерки во историјата на нашата земја“.