Вашингтон го повика турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган да ја повлеле одлуката и да го задржи статусот на религиозно неутрален музеј на поранешниот истанбулски храм „Света Софија“ за да можат да го посетуваат луѓе од сите конфесии и култури, а администрацијата на претседателот Доналд Трамп изрази разочараност од одлуката на Анкара.
Претседастелот и челникот на демократите во сенатскиот Комитет за надворешни работ, Џим Риш републиканец од државата Ајдахо и демократот Роберт Менендез од Њу Џерси, истапија во петокот против одлуките на турските власти да ја претворат „Света Софија“ (Аја Софија) од музеј во џамија. Ова се истакнува во заедничката изјава објавена од страна на Комитетот.
„Остро ја осудувмае одлуката на претседателот (на Турција, Реџеп Тајип) Ердоган да ја претвори Света Софија од музеј во џамија. Во одредени моменти од својата историја храмот Света Софија служеше како места за богослужба и за муслиманите и за христијаните и со децении беше несекојдневен и гостопримлив центар за луѓето од сите вероисповеди“, се истакнува во соопштението.
„Чекорот на Ердоган претставува длабока навреда за христијаните ширум светот, кои го гледаа храмот на Света Софија како светло на вистината длобоко почитувано свето место. Ваквата промена на нејзиниот статус води до непотребни разијдувања во мислењето во време кога ни се потребни повеќе а не помалку напори за воспоставвуање меѓусебно разбирање меѓу исламот и христијаните“, потенциираат американските сенатори.
Го повикуваат Ердоган „да ја измени оваа одлука и да го зачува прекрасното наследство на Света Софија и да го зачува нејзиниот статус како религиозно неутрален музеј кој го посетуваат луѓето од сите вери и култури“.
Истовремено портпаролката на американскиот Стејт департмент, Морган Ортегус, во соопштение за медиумите дека американските власти се многу разочарани од ваквата одлука на Државниот совет на Турција и указот на Ердоган.
„Разочарани сме од одлуката на турската влада да го промени статусот на Света Софија“, наведува Ортегус истакнувајќи дека објектот е ставен во листата на светското наследство на УНЕСКО.
„Разбираме дека турската влада останува посветена на зачувувањето на пристапот на сите посетители во храмот на Света Софија, и со нетрпение очекуваме да ги слушнеме нивните планови за натамошно управувањ со храмот (…) за да се осигури дека тој ќе остане и натаму без пречки достапен за сите“, додава во изјавата шефицата на прес-службата на американската дипломатија.
Од своја страна, американската Комисија за меѓународна религиозна слобода (USCIRF), остро ја осуди одлуката на Анкара.
„USCIRF ја осудува одлуката на Државниот совет на Турција (…) да дозволи пренамена на историскиот соборен храм на Света Софија од музеј да се врати во џамија“, објави комисијата на Twitter.