Американскиот Сенат, кој во саботата требаше да го приведе кон крајот судењето на поранешниот претседател Доналд Трамп за наводно поттикнување бунт, ненадејно одлучи да изведе сведоци откако во петокот вечерта беше објавено дека Трамп во текот на упадот во Капитол, на републиканскиоо конгресен водач наводно му рекол дека демонстрантите повеќе се загрижени за кражбата на изборите отоколу за пратениците.
За повикување на сведоците во саботата гласаа 55 сенатори, од кои пет републикански покрај 50-те демократи, а против беа 45 сите републиканци. За да биде осуден поранешниот претседател во процесот без преседан порати тоа што Трамп веќе не е на должноста, што е намерата на демократите по што би барале да му се забрани извршување јавни функции во иднина имајќи предвид дека , потребно е двотретинско мнозинство, односносно 17 републикански сенатори да гласаат за импичментот.
Демократите пред завршните зборови во саботата изјавија дека сакаат да ја повикаат конгресменката од Републиканската партија, Џејма Ерера Батлер, на што се спротистави одбраната на Трамп. Со започнувањето на процесот на испрашувањето на сведоците, судењето за импичментот ќе се одолговлечи, откако првично се очекуваше гласањето за импичментот да се одржи во саботата.
Причина за повикувањето на изјавата на републиканската пратеничка Батлер според која Трамп во телефонскиот разговор со републиканскиот водач во Претставничкиот дом Кевин Меккарти на 6-ти јануари во текот на упадот на неговите приврзаници во Конгресот, му кажал дека масата повеќе ја загрижува неговиот изборен пораз отколку што тоа ги интересира пратениците.
„Па, Кевин, тие луѓе повеќе ги загрижуваат изборите отколку вас“, го цитирала Батлер наводното искажување на Трамп. Таа рече дека Трамп во почетокот негирал дека во насилствата се вмешани неговите приврзаници тврдејќи дека за тоа е одговорна групата лица до редовите на левичарската Антифа, што наводно Маккарти го отфрлил како невистинито.
Инаку Ерера Батлер е една од само десетте пратеници кои минатиот месец во Претставничкиот дом, каде што доминираат демократите, гласаше со демократите да се потврди обвинението против Трамп. Во петокот вечерта по локално време таа ненадејно се присети на телефонскиот разговор меѓу Трамп и Меккарти.
Неа демократите сакаат да ја повикаат за сведок. Засега не е познато дали адвокатите на Трамп ќе повикаат сведоци.
Веста за овој телефонски разговор се појавија само неколку часа пред судењето на Трамп да продолжи во саботата пред Сенатот кој е подделен по прашањето дали поранешниот претседател треба да биде прогласен за виновен за бунт. По овие вести неколку демократски сенатори ги повикаа демократските пратеници од Претставничкиот дом кои се јавуваат како тужители во процесот на импичментот да бараат одобрување да се повикаат сведоци кои може да дадат поединости за тој телефонски разговор.
Поголемиот дел од судењето изминатите денови беше насочено на тоа колку Трамп знаел за постапките на неговите приврзаници кои упаднаа во Конгресот во намерата да ги спречат пратниците на двата дома да ги потврдат гласовите од електорскиот колегиум со кои на претседателските избори на 3-ти ноември победил демократот Џо Бајден, а за што приврзаниците на републиканецот се убедени дека станува збор за изборна кражба.