Сенатот во Алaбама ги забрани речиси сите абортуси

Сенатот на американската сојузна држава Албама го усвои во вторникот законот со кој ќе бидат забранети речиси сите абортуси, правејќи исклучоци само за да се заштити здравјето на мајката, во рамките на настојувањата на неколку сојузни држави во САД да го натераат Врховниот суд повторно да ги разгледа уставнот право на жената на прекин на бременоста.

Предлогот на законот претходно го одобри Претставничкиот дом во Алабама, а сега законот треба да го потпише републиканската гувернерка Кај Ајви. Таа засега не кажа дали ќе го потпише, но познато е дека 75-годишната гувернерка е силен противник на прекинот на бременоста.

Законот кој во Сенатот на Алабама мина со 25 гласови „за“ и 6 гласови „против“, ќе стапи на сила шест месеци откако ќе го потпише гувернерката, но сигурно ќе се соочи со правни предизвици, бидејќи здруженијата за заштита на ткн „американските граѓански слободи“ и друг активистички групи најавија подигнување тужби. Застапниците против абортусот знаат дека законите кои се носат сигурно ќе бидат оспорувани, а судовите оваа година веќе блокираа сличен закон од Кентаки и уште еден закон од Ајова донесен минатата 2018 година.

Ограничувањата за абортусот се воведен годинава во 16 сојузни држави во САД, а четворица гувернери веќе ги потврдија законите за забрана на прекинот на бременоста доколку може да се детектираат отчукување на срцето на ембрионот.

Албама оди уште подалеку, и го забранува абортусот во секој случај. Лицата кои го вршат абортусот кривично ќе одговараат со затоврска казна од 10 до 99 години, додека жената која се подвргнала на прекин на бременоста нема да биде кривично одговорна.

Сенатот во Албама, во кој доминираат републиканците, ги отфрли амандманот на демократите со кој би се дозволило абортус на жените и девојчиња кои забремениле по силување или инцест. Поддржувачите на забраната на абортусот во Албама велат дека правото на живот на нероденото дете ги надминува сите други права.

Републиканскиот сенатор Клај Чамбилс, говорејќи во полза на законот во Албама, рече дека поентата е во тоа да се „оди директно до Врховниот суд за да се осппори случајот „Роу против Вејд“. Високиот суд, сега со мнозинство конзервативни судии откако републиканскиот претседател Доналд Трамп именуваше двајца судии по испразнетите места во највисоката судска истанца, би можел да ги поништи случајот „Роу против Вејд“, судски преседан од 1973 година со кој е воспоставено правото на жената на абортус.

Само оваа година државите Џорџија, Мисисипи, Кентаки и Охајо донесоа закон со кој се забранува абортусот откако лекарот ќе открие отчукување на срцето. Противниците законот „срцебиење“ го нарекуваат виртуелна забрана, бидејќи сметаат оти срцевата активност на ембионот може да се откриен најрано во шестата седмица, можебни дури и пред жената да биде свесна дека е бремена.

Демократската сенаторка Линда Колеман-Медисон ги нарече републиканците лицемерни поради заговарањето нешто што би требало да остане надвор од приватните работи „но сега сакаш во мојата утроба, а ја те сакам надвор од неа“. Сите 27 републикански сенатори се мажи.

Актерката и активистка Алиша Милано повика на „сексуален штрајк“ под хаштагот #SexStrike против кампањата против абортусот, повикувајќи ги жените да одбијат секс со мажите „сѐ додека не ја повратиме телесната автономија“.