Сенатскиот комитет го повика челникот на Twitter поради блокирање на статиите за синот на Бајден

Правниот комитет на горниот дом на американскиот Конгрес во четвртокот подоцна ќе го повика челникот на компанијата „Twitter“, Џек Дорси, во врска со блокирањето на истоимената социјална мрежа на написите на весникот The New York Post за електронската преписка на синот на демократскиот кандидат за претседател Хантер Бајден со сoветникот на управата на украинската компанија „Burisma“ истражувана за корупција, пишува весникот The New York Times.

Претходно во четвртокот во интервју за телевизискиот канал Fox Business, републиканскиот претседател Диналд Трамп, меѓу другото, ги критикуваше одлуките на администрациите на социјалните мрежи Facebook и Twitter, кои го бликираа споделувањето на објавата во весникот The New York Post за доверливата дописката на Хантер Бајден на нивните платформи.

Подоцна во четвртокот, весникот The New York Times од свои извори објави дека повикувањето на челникот на Twitter во Сенатот билe членови на Републиканската партија. Поканата за појавување пред Комитетот за правосудство на Сенатот, го обврзува Дорси да се појави пред него за да биде испрашуван на 23-ти октомври. Како што се појаснува во написот, изборот паднал на токму на шефот Twitter, бидејќи администраторите на оваа плaтформа за микроблогирање блокорале два непријатни написа на The News York Post во врска со синот на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден.

„Станува збор за вмешување во изборите, кои ќе се одржат за 19 дена“, ги цитира весникот републиканецот Тед Круз.

Сенаторот рекол дека разговарал за повикувањето на Дорс со претседателот на Комитетот за правосудство на Сенатот, Лидзи Греам, републиканец од сојузната дражава Јужна Каролина.

„Досега никогаш не сме сведочеле на ваква активна цензура на големо издание со сериозни обвинувања за корупција на адреса на еден од кадидатите за претседател“, додал Тед Круз.

Комитетот за национална безбедност и владини работи на Сенатот ја презел, пак, проверката на автентичноста на споменатата електронска преписка на синот на Бајден и украинскиот бизнисмен. Тоа претходно во средата за телевизиската мрежа Fox News го потврди Рон Џонсон, републиканец од државата Висконсин.

Компаниите Twitter и Facebook во средата на своите социјални платформи го блокираа споделувањето на споменатиот напис на The New York Post. Портпаролот на Facebook, Енди Стоун, овој чекор го објасни со тврдењето дека написот „спаѓа во категоријата материјали чијашто веродостојност на фактите треба да се провери од трети партени“ на социјалната мрежа. Од Twitter, пак, соопштија дека во написот биле изнесени „лични и доверливи“ информации во форма на електронски адреси и телефонски броеви, како и дека текстот на The New York Post наводно ја „нарушува политијата во врска со дистрибуција на материјали, добиени со хакирање“, иако немаше инфодмации за упад во електронската пошта на Хантер Бајден.

 

Кој е изворот на преписката на Бајден помладиот?

Од The New York Post појаснија дека ги извадил наведените електронски пораки од хард-дискот на компјутерот кој бил репариран во сервис во сојузната држава Делавер. Весникот не наведе за чиј компјутер станува збор.

Телевизијата Fox News, пак, прецизираше дека Федералното биро за истраги (FBI) го запленило компјутерот заедно со хард-дискот во декември минатата 2019 година. Сопственикот на сервисот признал дека усепал да направи копија од податоците од хард-дискот и да му ги предаде на адвокатот Роберт Костело, кој ги застапува интересите на личниот адвокат на американскот претседател, поранешниот њујоршкиот градоначалник Рудолф Џулијани.

Адвокатот на Трамп во декември 2019 година беше обвинет дека на претседателот му помогнал да побарал од својот украински колега Владимир Зелински да ги испита постапките на Џо Бајден во врска со смена на украинскиот државен обвинител кој го истражувал случајот на корупција во компанија во чие раководство бил и синот Хантер Бајден, во замена за американска воена помош.

Написот во The New York Post се базира на електронска преписка на Хантер Бајден. Едно од писмата датирано од 17-ти април 2015 година испратено една година откако синот на Џо Бајден влезе во управата на украинската енергетска компанија „Bursima“, каде што примал месечен надомест од 50.000 долари месечно, иако не бил ниту стручен ниту за енергенсите, ниту за Украина. Советникот на управата на компанијата, Вадим Пожарски, во ова писмо му се заблагодарува на Хантер Бајден за поканата во Вашингтон и можоста да се сретне со неговиот татко Џо Бајден, кој во тоа време беше потпретседател во администрацијата на демократскиот претседател Барак Обама. Во вториот презентиран допис од мај 2014 година, Пожарски бара совет од Бајден помладиот за тоа како неговото влијание може да се користи „од име на компанијата“.

Изборниот штаб на демократите во средата негираше дека Џо Бајден се сретнал во посочениот период во САД со Пожарски.

 

Хантер Бајден и Bursima

Хантер Бајден во 2014 година, по превратот во Киев, станал член на управниот одбор на најголемата украинска приватна енергетска компанија „Burisma“ а неговиот татко Џо Бајден во 2016 година стана главен човек во САД задолжен за Украина. Младиот Бајден земал 50.000 долари месечно иако ниту бил стручен за Украина, ниту за енергијата. Потпретседатлот Бајден му се заканил на тогашниот украински претседател Петро Порошенко со запирање на американската помош за да го присили да го отпушти главниот државен обвинител Виктор Шокин кој ја истражувал корупцијата во компанијата, а меѓу другите бил истражуван и Хантер Бајден, кој остана член на управата на „Burisma“ до 2019 година.

Фактите покажуваат дека Шокин беше сменет во тој период, а запрена истрагата за „Burisma“. Во февруари 2020 година, украинското Државно биро за истраги отвори кривична постапка по изјавата на Шокин за наводно мешање во неговата истрага од страна на Џо Бајден.