Сенегал и Гана одат на фудбалскиот мундијал

Селекциите на Сенегал и Гана во вторникот вечерта остварија пласмани на Светското првенство коешто првпат во историјата ќе се игра во зима и тоа во Катар, откако се севкупни победници во завршната рунда од африканските квалификации.

Сенегал на домашен терен го победи Египет по подоброто изведување на пеналите со 3:1. По првиот натпревар беше 1:0 за Египета, а со ист резултат славеше и Сенегал во реваншот во Дијамниадија, а погодокот беше автогол веќе во 4 минута на Хамди Фати. Во преостанатите 116 минути немаше погодоци, а Египќаните страшно потфрлија при изведувањето на ударите од белата точка. Тројца беа непрецизини, меѓу нив и Мохамед Салах, додека неговиот соиграч од Ливерпул Садио Мане беше прецизен за конечното славје на Сенегал.

Неодамна овие две селеции играа во финалето на африканскиот Куп на нациите. И тогаш победникот беше решен во пенал-серијата, и тогаш Сенегал беше поуспешен.

Фудбалерите на Гана го славеа пласманот на Светското првенство на гостинскиот терен во Абуџа, каде одиграа 1:1 со домашната Нигерија. Првиот меч заврши без головои, но бидејќи ФИФА уште не го поништи правилот за гол во гости, Гана врз основа на ова правило ја оствари големата цел.

Уште во 10 минута Гана поведе со голот на Партеи, но најголемите заслуги за овој гол одат кај домашниот голман Узохо кој почетнички згреши. До крајот на мечот Нигерија успеа да израмни, а голот го постигна Торс-Еконг од пенал во 22 минута, но не успеа да постигне и втор погодок кој ќе ја одведеше во Катар.

Преостанатите три дуели од завршната рунда на африканските квалификации се играат ноќта кон средата. Се среќаваат Мароко – ДР Конго (1:1 по првиот меч), Тунис – Мали (1:0) и Алжир – Камерун (1:0).