![Opera Snapshot_2018-06-28_183401_www.kicker.de](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/Opera-Snapshot_2018-06-28_183401_www.kicker.de_.jpg?resize=640%2C428&ssl=1)
Фудбалерите на Колумбија со 1:0 го победија Сенегал и се пласира во осминафиналето на Мундијалот, а Африканците, кои беа први во групата до овој дуел не се пласираа во нокаут-рундата бидејќи имаа добиено повеќе жолти картони од Јапонија, која имаше ист број на бодови и гол разлика. Јапонија исто така загуби од Полска со 1:0, но поради подобра фер-плеј статистика оди понатаму.
Сенегалците сами се виновни за елиминацијата, иако беа драстично оштетени во првото полувреме во кое не им беше досуден чист пенал. Да биде трагедијата поголема, судијата Милорад Мажиќ прво покажа на белата точка, па откако ја гледаше снимката со ВАР технологијата не досуди пенал.
Од тој момент, особено во второто полувреме Сенегал не одигра офанзивно, за разлика од Колумбија, која по бледото издание во првиот дел, во кој поради повреда излезе Родригез. Се чини дека двете репрезентации беа резервирани поради нерешениот резултат на мечот Јапонија-Полска кој им одговараше на двете екипи. И по водството на Полска Сенегал беше сигурен патник во наредната фаза, но Колумбијците повеќе сакаа да постигнат гол, иако не беа опасни. Сепак, тоа им се исплати во 74 минута кога по нафрлената топка од корнер Јари Мина со глава ја погоди мрежата на Сенегал. Африканците по голот тргнаа поафанзивно, но немаа конретна акција за да го загрозат сериозно голот на Оспина, само еднаш кога голманот на Колумбија одлично реагираше.
Прва е Колумбија со шест бодови, следуваат Јапонија и Сенегал со по 4 бода и иста гол разлика, но Сенегалците имаат шест жолти картони, а Јапонците четири и затоа тие одат понатаму. Последна е Полска со три бода, која победи со голот на Беднарек.
Противниците на Колумбија и Јапонија во осминафиналето ќе бидат познати вечерва по натпреварот меѓу Белгија и Англија, кои се сигурни патници во наредниот круг, но кои во директен дуел ќе решаваат кој ќе биде прв во групата.