Без победник, 1:1, заврши неделниот дерби натпревар од 25. коло во француската Прва лига, дуелот помеѓу четрвртопласираниот и петопласираниот тим на табелата, Сент Етјен и Олимпик од Марсеј.
Фудбалерите на Сент Етјен мораат да бидат позадоволни од конечниот резултат затоа што израмнувачкиот погодок го постигнаа во 93 минута од натпреварот.
Фенерџијата на табелата, тимот на Ајачио не се покажа како посериозна пречка за фудбалерите на Олимпик од Лион, кои сосема заслужно забележаа сигурен триумф од 3:1, а четри погодоци, по два во двете мрежи беа постигнати на првенствената пресметка помеѓу екипите на Евијан и Лил.