Во средбата од седмото коло на француското првенство Стад Ремс на „Паркот на принцовите“ го победи актуелниот шампион Пари Сен Жермен со 2:0, забележувајќи ја првата победа во Париз по речиси 44 години.
Ремс поведе во 29 минута со голот на Гасан Камара. Нафрли Марешал Мунетси, а Камара високо скокна и со глава ги доведе гостите во водство. Сензационалната победа на Ремс ја потврди Булеи Диа со голот во судиското продолжение.
Ремс и минатата година го совлада ПСЖ, со 3:1 но дома, но последната победа на „Паркот на принцовите“ ја забележа во декември 1975 година.
Ремс сега е осми на табелата со 11 бодови, а ПСЖ и натаму е прв со 15 бодови, но сега со него е израмнет Анжер кој со 2:0 победи на гостувањето во Тулуз.
Гостите стасаа до победата во последните минути од мечот, а двата гола ги постигна Риашид Алиу во 88 и петтата минута од судиското продолжение. Тулуз сега е 14-ти со осум бодови.
Со идентичен резултат Лил славеше против Стразбур. Најдобар играч на мечот беше Виктор Осимен кој во 43 минута погоди за водство, а за 2:0 во 64 минута му асистираше на Лоаси Реми. Лил има 13 бодови и е на третото место, а Страбур е 17-ти со шест бодови.
Лион повторно разочара одигрувајќи на гостувањето кај Брест 2:2. Лион двпати водеше но Брест двапати се враќаше во игра преку головите на Јоан Курт во 29 и 85 минута. Стрелци за гостите неа Муса Дембеле во 29 и Њали Корне во 69 минута.
Лион првенството го започна со две победи но потоа нанижа пет ремија и сега е 11-ти со 9 бодови, а Брест има бод помалку и е две места подолу на табелата.
Бордо на гостувањето кај Амјен победи со 3:1. Домашните поведоа во 2 минута со голот на Стивен Мендоза, но Јасин Адил до крајот на полувремето направи пресврт со погодоците во 9 и 45 минута. Победата на гостите ја потврди Самуел Калу во 73 минута.
Бордо е петти со 12 бодови, а Амјен е 15-ти со седум бодови.
Резултати:
ПСЖ – Ремс 0:2
Брест – Лион 2:2
Амиенс – Бордо 1:3
Сент Етјен – Мец 0:1
Нант – Рен 1:0
Лил – Стразбур 2:0
Монпелје – Нимс 1:0
Тулуз – Анже 0-2
Вторник:
Дижон – Марсеј 0:0
Монако – Ница 3:1