Сензационална победа на Андерсон над Федерер на Вимблдон

Осумкратниот победник на неофицијалното светско првенство во тенис Вимблдон и бранител на минатогодишната титула Роџер Федерер повеќе не е во конкуренцијата за рекордниот деветти трумф во „Ол Ингладн Клаб“, откако во средата во четвртфиналето беше поразен од Јужноафиканецот Кевин Андерсон, иако во третиот сет беше соочен со меч-топка за легендарниот Швајцарец, но на крајот со сензационален пресврт славеше со 2:6, 6:7 (5), 7:5, 6:4 и 13:11 по 4 часа и 13 минути игра.

Федерер при водство од 2:0 во сетови, и 5:4 во третиот и предност на сервис на 32-годишниот Кевин Андерсон делуваше како сигурен победник и полифиналист на годинешниот Вимблдон. Но откако се извлече и спаси уште и 0:40 кога сервираше за освојување на третиот сет, Андерсон се отпушти и тргна во неверојатен пресврт и по најголемата победа во својата кариера.

Ова е само вторпат во кариерата Федерер да пропушти ваква предност. Единствен кому досега тоа му успеа, кој по заостанување од два сета и спасување барем на една меч-топка, беше Србинот Новак Ѓоковиќ кој се ваков пресвт дојде до победа во полуфиналето на УС Опен во 2011 година.

Андерсон, кој минатата година изненадувачки стаса до финалето на УС Опен, првпат во кариерата дојде до полуфиналето на Вимблдон, во кој го чека подобриот од дуелот меѓу Канаѓанецот Милош Раонич и Американецот Џон Изнер.

Пред Андерсон во полуфиналето се пласираше Новак Ѓоковиќ, кој во четири сета, со 6:3, 3:6, 6:2 и 6:2, ги надигра Јапонецот Кеиџи Нишикори. За Ѓоковиќ ова е прво полуфинале на Грен-Счем турнирите по поразот на УС Опен во 2016 година. Тој го очекува подобриот од дуелот меѓу Рафаел Надал и Хуан Мартин дел Потро.