Норвешкиот скијaчки ас, Александер Омод Килде, 24 часа откако избегна страшен пад на Штрајф, стигна до фантастична победа на спустот во Кицбил, Австрија, докажувајќи уште еднаш дека е најдобриот брзински скијач на денешницата.
30-годишниот Килде, кому ова му е седма победа оваа сезона и вкупно 30-та во кариерата, во саботата го делеа милиметри од голема несреќа на истата патека, грешка која го чинеше победа и топ 10 пласман.
Килде останува убедлив лидер во дисциплината со 620 поени, пред Крихмаер со 464 и Швајцарецот Марко Одермат, кој не настапи поради повреда. Во трката за големиот глобус, Одермат има 1.186 поени, Килде е втор со 961.