Сепак, ќе има јавна дебата за предлогот за една изборна единица

Комисијата за политички систем, во соработка со Иницијативата за една изборна единица, ќе одржи отворена дебата, за предлогот за воведување една изборна единица за парламентарни избори, отворени листи за локални избори, и еднаква родова застапеност на листите за пратеници и советници.

Дебатата ја закажа претседателот на собраниската Комисија за политички систем, Александар Кирацовски, иако претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека не може да се одржи јавна дебата, кога измените се предлагаат по скратена постапка.

Една изборна едниница бараат помалите партии, а идејата ја поддржува и СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, со илјадници амандмани го блокираат менувањето на изборниот законик. ВМРО-ДПМНЕ достави  600 амандмани за предлогот за една изборна единица, и уште 600 за предлогот за отворени листи, бидејќи се против менување на изборен модел два месеци пред да се распушти Собранието. Истовремено, ДУИ поднесе пет илјади амандмани. Поради ова, јасно е дека овој пратенички состав нема да може да гласа за измени на Изборниот законик.