Сепаратистите објавија за нови напредувања во Донбас, убиени 250 странски платеници

Градот Северск, на административната граница на одметнатиот проруски јужен украински регион Доњецк и другиот проруски ентитет Луганск е под контрола на сепаратистичките сили, соопшти во понеделникот Виталиј Киселев, помошник на министерот за внатрешни работи на самопрогласената Народна Република Луганск.

„Северск е под наша контрола“, изјави Киселев во програмата на руската јавна телевизија изразувајќи надеж дека и градот Соледар, на 15 километри од Бахмут ќе бидат биде под контрола на заедничките сили на сепаратистите и руските војски.

Северск се наоѓа на 30 километри западно од Лисичанск, кој заедно со градот близнак Северодоњецк сепаратистите и руската војска ги заземаа на почетокот од јули. Градот кој до пред почетокот на војната имал 11.000 жители, се наоѓа на делница од стратешкиот правец кој води јужно од Бахмут, важен транспортен центар во југоисточниот индустриски украински регион Донбас, доминантно руски и рускојазичен. Друг правец од него води натаму на запад кон Славјанск и Краматорск, за кој се очекуваат

Славјанск е стратешки град со население од повеќе од 100 илјади луѓе, каде што е сместена термоцентрала и неколку за областа важни индустриски комбинати. Во април 2014 година, во операцијата на силите лојални на властите кои во Киев дојдоа по превратот две месеца претходно, во Славјанск започнаа првите активни борби, а од јули таа година градот е под контрола на украинската војна.

Истовремено во понеделникот проруските сили од Доњецк објавија дека го опколуваат градот Авдеевка блокирајќи го патот кој го поврзува Константиновка, изјави воениот лидер на сепаратистите Едуард Басурин.

„Целосно го блокиравме патот што ги поврзува Авдеевка и Консантиновка во две области. Авдеевка е полукружно покриена“ од сепаратистичките сили“, изјави Басурин за руската државна телевизија.

Во моментов Авдеевка е под контрола на украинската војска, која таму има силно утврдени позиции, од каде изведуваат гранатирања на Јасиноватаја и предградијата на регионалниот центар Доњецк кои се под контрола на проруските бунтовници. Во непосредна близина на градот изминатите осум години, по превратот во Киев во 2014 година, минуваше линијата на раздвојување меѓу позициите на украинските сили и сепаратистите.

Во истиот регион на Константиновка во понеделникот била ликвидирана групација од 250 странски платеници од ткн Странска легија, соопшти на редовниот брифинг во Москва, портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конешенков.

Прецизираше дека нападот го извела руската борбена авијација со високопрецизни проектили врз „позиција на привремено распоредување на платениците од ткн украински странски легион“, при што биле уништени и седум оклопни борбени возила кои ги користела оваа единица.

Конашенков информираше и за напад врз борбени позиции на 118-та бригада на територијалната одбрана на украинската војска во местото Витово во Черкаската област. Според него, во овој напад биле убиени до 60 припадници на екстремистичките украински паравоени формации, четири артилериски оружја и две борбени возила за ракетни системи за повеќекратни лансирања.