
Американската тенисерка Серена Вилијамс ќе игра против Наоми Осака за својата седма титула на УС Опен, 19 години откако го освои првиот трофеј во Њујорк.
Двете тенисерки лесно ги добија мечевите во полуфиналето, Вилијамс беше подобра против Летонката Анастасија Севастова, а Јапонката од Американката Медисон Кис.
Вилијамс загуби само три гема во двата сета (6:3, 6:0), а Осака го одигра веројатно најдобриот натпревар во кариерата, спаси дури 13 брејк топки и на крајот славеше со 2:0 (6:2, 6:4).
Осака стана првата Јапонка која ќе игра финале на Грен Слем турнири.